Губењето на сетилото за вкус и мирис не е сигурен знак за Ковид - 19, но е за некои други сериозни болести

Губењето на сетилото за вкус и мирис не е сигурен знак за Ковид - 19, но е за некои други сериозни болести

Објавена во: Живот // Живот

Нема човек кој се нема уплашено во моментот кога ќе сфати дека нешто не е во ред со неговите сетила...

Повеќе не чувствувам ниту мирис ниту вкус! Нешто ме боли. Носот ми е затнат. Мускулите ме болат. Кашлам. Кивам...

Сите овие зборови сега ги изговараат луѓето пред ковид амбулантите, додека им се вовлекува стравот во коски од претстојниот преглед и „пресудата“ на лекарите дали е во прашање озлогласениот вирус или нешто сосема друго. Главните причина за преплашеноста и непроспиените ноќи се токму сетилата за вкус и мирис. Бијдеќи за нивниот губиток и за тоа дека тоа е сосема сигурен знак за коронавирус, сите жители на планетата слушаат од декември минатата година, кога од Вухан започна да се шири вирусот помеѓу луѓето.

Домашен тест на корона

Иако губењето на сетилата за вкус и мирис практично стана „домашен тест“ на коронавирус, па многумина кои се сомневаат дека се заразени, се насочуваат кон методите на мирисање и вкусување на многу зачинета храна, иако оториноларинголозите велат дека ослабеното или целосното губење на овие сетила не значи дека сме позитивни.

„Еден од најчестите е вирусната инфекција, која може да биде предизвиканаод било кој тековен вирус. Со тоа, губењето на сетилата за мирис и вкус може да влијаат и на проблемите со синуси, грип и други респираторни инфеции. Така губењето на овие сетила е предизвикано и од алергија, но и од девијации во носот“ - истакнува оториноларинголот д-р Милош Шврака, кој истакна дека и одредени невролошки заболувања, тумори, но и пишењето цигари, исто така можат да влијаат на губењето на овие сетила.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: