Гудељ ја однесе Анастасија на вечера: Бремената пејачка блеска во прегратката на својот сакан (ФОТО)
Заљубената двојка покажа како ги поминува деновите додека го очекува раѓањето на нивната ќерка...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ веќе неколку месеци престојува кај своето момче, фудбалерот Немања Гудељ во Севиља, а сега на социјалните мрежи се појави нова романтична фотографија од заљубената двојка.
Имено, Немања и Анастасија наскоро ќе се остварат во улогата на родители, а пејачката која е во петтиот месец од брееноста, во септември на свет треба да донесе девојче.
Додека со нетрпие го очекуваат девојчето, двајцата уживаат во љубовта, а фудбалерот ја однесе на вечера својата девојка. Од таму тој сподели фотографија од нив двајца на која позираат во прегратка.
Анастасија за оваа прилика носи сако, шокула и панталони, додека Гудељ се одлучи за нешто полежерна варијанта - маица и фармерки.
фото: Принтскрин / Инстаграм