Гулаб, писмо или порака во шише: Одберете еден начин на комуникација и откријте колку вешто комуницирате

Гулаб, писмо или порака во шише: Одберете еден начин на комуникација и откријте колку вешто комуницирате

Објавена во: Совети // Тестови

Кој од трите можни гласници ќе го изберете за да ја пренесете вашата порака?

Замислете дека треба да испратите важна порака, а во понудата се еден од трите гласници: гулаб писмоносец, порака во шише или класично писмо. Што ќе одберете?

Овој тест, во зависност од тоа што ќе одберете, може да открие колку е тешко или лесно да се комуницира со вас.

# Доколку одбравте гулаб писмоносец

Овој избор сигурно означува одреден момент во вашиот живот. Всушно вам ви изгледа дека вашите зборови може сигурно да ги доверите на некој кој не го познавате. 

Изборот на гулабот укажува на невнимателноста со која го изразувате своето мислење, што значи дека не се грижите премногу за тоа какво влијание ќе има другите.

Сепак, бидете внимателни, кога ќе го занемарите начинот на кој разговарате со другите луѓе, на крајот ќе се најдете во ситуации кои би можеле да бидат многу непријатни.

# Доколку одбравте традиционално писмо

Јасно, прецизно, концизно. Вие сте многу вешти во комуникацијата. Личностите кои го одбираат традиционалното писмо имаат многу јасни и кристални идеи.

За вас всушност разговорот или комуникацијата со другите е неверојатно важен дел од животот и од таа причина сакате вашата порака да биде појасна.

Писмото, дури и од неколку страници, каде можете сигурно да го изразите својот став е најдобра алатка за јасна комуникација со другите луѓе, без оглед на брзината со која пораката ќе стигне.

За вас е важно на сите да им биде јасно во што верувате или што мислите, накратко, родени сте за да комуницирате со другите.

# Доколку одбравте порака во шише

Доколку одлучивте својата порака да ја доверите на морските бранови, нема сомнеж - вие сте вистински сонувач.

За вас во овој момент е важно да комуницирате првенствено со себе и не ви е претерано важно дали таа порака некогаш ќе стигне до некој друг.

Сметајте дека доверувањето на вашата порака на едно шише, ја сигнализира желбата вашите зборови да лутаат и да дојдат до неопределен соговорник.

Затоа засега знајте дека вашиот начин на комуникација дефинитивно е необичен и малку е веројатно дека луѓето веднаш ќе сфатат што имате и што сакате да кажете.

За вас сега приоритет е да ги пуштите мислите слободно да течат.

фото: Pixabay

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: