Гутереш за образованието: Пандемијата доведе до генерациска катастрофа
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш оцени дека пандемијата на Ковид-19 доведе до невидено нарушување на образовниот процес во историјата, бидекќи дури 160 земји ги затворија вратите на училиштата. Смета дека тоа има огромно негативно влијание на едукацијата на повеќе од 1 милијарда ученици.
Тој предупредува дека светот се соочува со генерациска катастрофа која може да го потроши залудно човечкиот потенцијал, да го поткопа деценискиот напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости.
„Живееме во клучен момент за децата и младите луѓе во светот. Одлуките кои сега ќе ги донесат властите ќе имаат влијание кое долго ќе трае врз стотици милиони млади луѓе, но и врз развојот на земјите во наредните децении“ - изјави Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.