Хајли Бибер го сподели својот најголем моден неуспех: Никогаш повеќе не би се облекла вака

Хајли Бибер го сподели својот најголем моден неуспех: Никогаш повеќе не би се облекла вака

Објавена во: Мода // Moj стил

Овој пат се согласуваме со неа...

Модните гафови им се случуваат на најдобрите. И покрај тоа што познатите имаат стилисти и дизајнери кои работат за нив и ги облекуваат секој ден, сепак се случува понекогаш да стават нешто на себе и подоцна да се запрашаат „добро, што ми се случи“.

Иако често има супер комбинации, Хајли Бибер има и аутфити кои попрво би ги заборавила доколку некогаш ги носела. Само што не и е така лесно, со оглед на тоа што на Интернет кружат нејзините фотографии од сите можни прилики, вклучувајќи ги и овие што таа повеќе не сака да ги види. Секојдневните комбинации на облека беа вистинско олицетворение на удобност во нејзиниот случај во последно време, но некогаш тоа не било така. Во трендот на Инстаграм „Post a Photo Of“, еден обожавател ѝ побара да стави фотографија од најлошата облека што ја има облечено досега. И Хајли се согласи.

Покрај фотографијата напиша „Ова треба да биде незаконско“. Фотографијата е од 2015 година, а комбинацијата чизми, кратки тексас шорцеви и туника / џемпер е вистински хаос, целосно се согласуваме со тоа. Дефинитивно оваа комбинација не е нешто со што треба да се гордее.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: