Хајли Бибер го „запали“ Инстаграм со новата фотка во бикини: Џастин ѝ посвети објава само на неа
Супермоделот и сопруга на пејачот Џастин Бибер, згодната Хали Бибер, овој викенд го покажа своето сензационално тело во неколку објави на Инстаграм. Обожавателите и следбениците беа воодушевени од одличниот изглед на Хајли, а нејзиниот сопруг Џастин дури и сподели нејзина фотографија на својот профил на Инстаграм за да го покаже своето воодушевување.
24 - годишната Хајли Бибер овој викенд позираше во мини бикини во розова боја, а целиот изглед го надополни со накит.
Исто така, големо внимание привлече и со своето Инстаграм стори, на кое носеше отворен џемпер. Овие Инстаграм објави се појави не многу долго откако нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер сподели нејзина фотографија на која изгледа гламурозно, а која е направена за време на заедничката вчера. На фотката, Хајли има пунџа, а изгледот го има збогатено со блескави нараквици.
„Дефиниција за лоша ку*ка, т.е. силна, полна со самодоверба, независно лојална... сè уште не ми се верува дека ме одбра мене...“ - напиша Џастин покрај објавата, која може да ја погледнете во продолжение.