Хајли Бибер конечно проговори за тоа како се чувствува кога ја споредуваат со Селена
Не е лесно кога обожавателите постојано те споредуваат со поранешната девојка на твојот сопруг...
Еден од најпопуларните парови на денешницата, Џастин и Хајли Бибер, почнаа отворено да зборуваат за својата врска преку социјалните мрежи. А сега Хајли конечно се насочи кон константните споредби помеѓу неа и поранешните девојки на Џастин.
Новопечениот брачен пар од неодамна почна да споделува различни аспекти од својот живот во карантин, преку документарните серии на Фејсбук под назив „The Biebers“. Во последниот live stream обожавателите можеа да поставуваат прашања за познатиот пар. Едно од тие прашања беше: „Како успевате како пар кога сите мислат дека имаат право да се мешаат во вашата врска?“ Тогаш Хајли проговори за непристрасните споредби помеѓу неа и поранешните девојки на Џастинм, но сите знаеме дека најмногу ја споредуваат со неговата долгогодишна девојка, популарната пејачка Селена Гомез.
Хајли како одговор на ова прашање одговори: „... веројатно постојат многу работи кои можам да ги кажам за ова прашање, за оваа тема. Дефинитивно не е лесно. Џастин знае дека ми беше многу, многу тешко да се носам со тоа што го зборуваат луѓето и на кој начин ме споредуваат... ме ставаат во позиција каде ме наведоа да се чувствувам помалку вредна жена.“ Проговори и за тоа дека токму фановите се оние кои се обидуваат да ги споредат и дека ја боли кога ќе се случи нешто такво. „Не е лесно, особено кога луѓето имаат обожаватели кои се многу страствени и сакаат тоа да го покажат и сакаат да го изнесат своето мислење. Исто така сметам дека кога луѓето имаат многу што да кажат за некоја тема, многу се трудат да направат некој да се чувствува помалку вреден, да се чувствува лошо, бидејќи и тие самите проживуваат тешка ситуација, па тоа го процесираат на позната личност, за да се чувствуваат подобро во врска со самите нив. Тоа не ја прави ситуацијата полесна, но мислам дека ми помага да се потсетам самата себе дека тие личности ме наведуваат да се чувствувам лошо, бидејќи и тие самите се чувствуваат лошо.“ - изјави Хајли.
Хајли исто така се насочи и кон лагите кои луѓето ги измислуваа за неа и Џастин во текот на годината: „Луѓето ќе зборуваат што сакаат и мислат дека знаат што се случило во неговиот живот и неговите врски, како и во нашиот живот и нашата врска и како дојдовме до оваа фаза, но тие тоа никако не може да го знаат. Тие измислуваат детали за кои мислат дека се вистински, но не се... дојдов до фаза во која размислувам - зошто толку се трудев да ги отфрлам лагите кога тоа никој не го засега и всушност воопшто не е важно. Постојат толку работи што се случуваат зад сцената за што луѓето немаат идеа.“
Целиот live stream може да го видите во продолжение: