Хајли ги моли обожавателите: „Немојте да ме исмејувате поради ова“
Сопругата на пејачот Џастин Бибер, Хајли Бибер, на Инстаграм откри зошто малото прсте и благо накривено и ги замоли луѓето да не ја исмејуваат поради тоа.
Хајли Бибер на Инстаграм сподели неколку фотографии каде се гледа дека прстите и се благо накривени. На фотографијата ја покажа својата лева рака и закривениот мал прст. Откри дека станува збор за генетско пореметување.
Наскоро сподели и „скриншот“ од Википедија и напиша „поради ова прстите ми изгледаат како што ми изгледаат“.
Откри дека некои обожаватели поради ова нејзино пореметување ја исмејуваат па ги замоли да престанат да го прават тоа, бидејќи не било удобно.
„ Тоа е генетско пореметување и го имам цел живот. Можете ли сега да ме прашувате 'што не е во ред со твоите мали прсти'? Ве молам да престанете да ме исмејувате поради ова“ - им порача на следбениците на Инстаграм.