Хајли за првата година брак со Џастин: Учевме како е да се живее заеднички живот
Велат дека првата година од бракот е најтешка, а дали тоа е вистина и кај брачниот пар Болдвин - Бибер, неодамна откри Хајли во едно интервју.
Хајли и Џастин Бибер веќе се една година во брак, а како и повеќето парови се соочија со мали проблеми. Хајли сега за нивните проблеми прозборе јавно и откри што им било предизвик во првата година, јавува Her.
За првпат се венчаа на интимна церемонија во септември 2018 година, а следната година направија и „официјална“ церемонија пред семејството и пријателите. Зошто на првата венчавка немале свадба, Хајли откри во интервју за магазинот Elle, а најголема причина за тоа била лошата здравствена состојба на Џастин.
„Кога првпат се венчавме се уште се учевме како е да се живее заеднички живот. Чувствував дека кога би организирале свадба со сите тие проблеми, дека тоа би било грозно и стресно.“
Моделот истакна дека сопругот тогаш се мачел со здравствените проблеми за кои лекарите ја немале дијагнозата и дека така свадбата би биле напорна за организирање.
„Беше навистина болен. Има лајмска болест и се занимаваше со многу медицински работи. Немавме дијагноза и беше тешко бидејќи сите беа зли и го осудуваа велејќи му дека изгледа како да е на дроги, а беше болен и не знаевме што му е. Бев новопечена сопруга и пробав да му помогнам да сфати што не е во ред и што се случува. Сега е совршено здрав. Но, тогаш очекуваа да поминувам низ тоа и да пробам да размислувам за венчаница, а тоа не доаѓаше предвид“. - раскажа Хајли.
На Хајли не и било лесно, била загрижена и преплашена, но сега се смириле работите. Џастин е здрав и имаа прекрасна свадба.