Халкбанк брои над 17.000 донирани садници низ македонските градови во тек на една година
Во склоп со својата иницијатива за зачувување на животната средина и подигање на еколошката свест, платформата HalkEco, Халкбанк АД Скопје достигна број од 17.000 засадени дрвjа во периодот од стартувањена еко платформата, од октомври минатата година до денес.
Од првата акција за садење одржана на 26ти октомври, 2019 година, во неколку наврати засадени се над 9000 дрвја низ државата, меѓу кои, 6000 во Велес, 220 садници во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, како и 2790 садници во реонот меѓу Битола и Демир Хисар.
Дополнително, уплатени се и 8000 дрвја за пошумување во Свети Николе, со средствата собрани од котизациите на учесниците во првата велосипедска хронометар трка во земјава, Halk Velo Green која се одржа на почетокот на септември годинава, во Маврово.
Досега, покрај пошумувањето во овие градови, преку HalkEco платформата беше реализирана и реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија, како и поддршка на кампањата за спречување на палењето на стрништа којашто ја спроведува Град Скопје.
Халкбанк како исклучително општествено одговорна компанија, за која Важни се луѓето, ќе продолжи и понатаму да придонесува за подобра животна средина низ целата држава, ќе работи кон поттикнување на здравите навики кај луѓето и ќе се стреми да го подобрува општеството, во целина, за доброто на сите.
* ПР објава