Хамбургер здолниште, хотдог фустан: Дали би ги носеле овие модели на светски познатиот моден бренд?
Знаеме дека модата секогаш се „врти во круг“ и дека новите трендови доаѓаат и се менуваат со старите, сè до некоја следна прилика кога истото тоа, што е во тој момент заборавено, повторно не се врати во мода. Меѓутоа, некои модни трендови е невозможно да се повторат.
Познатиот моден бренд „Moskino“ ја претстави својата колекција за 2022 година, а креациите ја шокираа јавноста.
„Кој ќе го носи ова? Навистина не ми е јасно“ - гласи еден од коемнтарите.
Луѓето се изненадени од несекојдневните модни креации, како здолниште во облик на хамбургер и фустан кој неодливо потсетува на хотдог.
Џереми Скот е модниот дизајнер на „Moskino“ и вели дека овие креации до сега биле негов најголем предизвик.
„Дами во здолниште во облик на хамбургер, фустан во облик на хотдог? Зошто да не? Понекогаш заборавам дека сум малку чуден, но сепак ми се допаѓа“ - изјави модниот дизајнер.
Но, што велите вие? Би ги носеле ли ваквите модели?
фото: Profimedia/Splash