Хана на професионална шминка, Дарен модно усогласен со бато Вук: Тијана и Тамара со семејставата беа свадбари со стил (ФОТО)

Хана на професионална шминка, Дарен модно усогласен со бато Вук: Тијана и Тамара со семејставата беа свадбари со стил (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Вчеравечер, пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ со своите семејства беа гости на свадба, а дека издоминираа, говорат и фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи.

За оваа прилика сестрите, како и нивните деца, беа облечени во црно-бели модни комбинации.

Хана, како и досега ги освои симпатиите на сите, а овој пат, најмногу поради тоа што за оваа прилика си доби професионална шминка.

Нејзиниот брат Дарен, како и братучед ѝ Вук, беа модно усогласени - и двајцата носеа црни панталони и бели кошули, а по фотките кои ги споделија Тијана и Тамара на социјалните мрежи, може да заклучиме дека тие се биле главно друштво еден на друг.

Сеестрите пак, елегантни и преубави како секогаш, ги освоија сите, кога во дует отпеаја неколку песни, со кои ги поздрави младенците, како и сите присутни гости.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: