Хари и Меган Маркл, за првпат во јавноста откако таа се породи: Зошто ѝ го доделија прекарот - арогантна војвотка (ФОТО)

Хари и Меган Маркл, за првпат во јавноста откако таа се породи: Зошто ѝ го доделија прекарот - арогантна војвотка (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Меган Маркл се појави денеска во Њујорк во придружба на нејзиниот сопруг Хари.

Меган Маркл (40) блескаше, накитена со дијаманти вредни над 350.000 евра, додека шеташе по улиците на Њујорк држејќи ја раката на својот сопруг Хари.

Војвотката од Сасекс, која моментално живее во вила вредна 14 милиони долари во Калифорнија, се придружи на војводата утрово за време на службените должности.

Во црн, бизнис издание, Меган носеше и неверојатна количина накит, вклучувајќи веренички прстен од околу 370.000 евра, часовникот на принцезата Дијана вреден околу 21.000 евра, но и нов, розов прстен за кој се верува дека е направен од „дијаманти од Блискиот Исток“.

Се шпекулира дека овој прстен чини 62.000 долари, и дека е подарок од мистериозен донатор од Блискиот Исток. Спротивно на ова тврдење, се шпекулира дека овој прстен нема никаква врска со Блискиот Исток и дека чини само 525 долари и дека неговиот симбол е „зајакнување на жените“.

Во секој случај, револтираните жители на Велика Британија во голема мера смислуваат нов прекар за војвотката - како „арогантната војвотка“ или „војвотката од дијаманти“!

Странските медиуми пренесуваат дека двојката носела облека во темна боја, и дека и покрај топлото време, се облекле како да е минус надвор. Војводата и војвотката го посетија меморијалниот центар посветен на 11 септември, и тие ќе останат во Њујорк до крајот на неделата.

Децата, двегодишниот син Арчи и двомесечното бебе Лилибет, беа оставени во Калифорнија.

извор:stil.kurir.rs
фото:profimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: