Хари Потер порасна и стана заводник: ТикТокер кој изгледа идентично како овој лик ги освојува обожавателите

Хари Потер порасна и стана заводник: ТикТокер кој изгледа идентично како овој лик ги освојува обожавателите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Дали доколку Хари Потер е на ТикТок, тоа би изгледало вака?

Манијата Хари Потер не престанува, а сега истата се префрли и на ТикТок. Обожавателите, а особено девојките, апсолутно се освоени од Феликс, 25 - годишен ТикТокер, кој изгледа како да е брат близнак на Хари Потер. Видеата кои ги снима го покажуваат Хари во малку поинакво светло.

Со ликот на Хари Потер можеме да поврземе различни придавки, но заводлив и секси во никој случај не се оние што би ни паднале на ум. Еден ТикТокер одлучи да ја покаже токму таа страна на Хари Потер. Феликс е 25 - годишно момче од Франција кое изгледа како брат близнак на Хари Потер. Вниманието на луѓето го украде со своите ТикТок видеа во кои Хари Потер го покажува како заводник - и девојките се воодушевени. 


Watch on TikTok

Стана вирален, а бројот на следбеници преку ноќ му се искачи на 1.3 милиони. Обожавателите на приказната и филмовите за малиот волшебник сега се веќе пораснати и ова е Хари Потер во кој би се заљубиле. Дури и самиот Феликс признава дека е голем обожавател на Хари Потер и дека книгите ги прочитал неколку пати.


Watch on TikTok

Ова е издание во кое сме навикнати да го гледаме „малиот волшебник“, а дури и оние кои не се негови обожаватели, сега би можеле да станат.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира:


Кликнете 'Like' и станете наш пријател.
Почекајте 08 секунди.