Хари Стајлс, БТС, Били Ајлиш и Тејлор Свифт: Кој сѐ ќе настапува на доделувањето на Греми наградите?
Хари Стајлс, БТС, Били Ајлиш и Тејлор Свифт се наоѓаат на листата од 22 изведувачи кои на 14 март ќе настапат на доделувањето на Греми наградите, кое ќе се одржи по 63 - ти пат.
Ова ќе биде првпат, Стајлс да настапува на престижното доделување на наградите. Оваа година се наоѓа и помеѓу номинираните: за најдобра соло поп изведба, најдобар поп албум и најдобар видео запис.
Покрај нив, помеѓу изведувачите се наоѓаат и Карди Би, Пост Мелоун, Мега Ди Сталион и Дуа Липа. Целото доделува ќе се пренесува во живо на каналот CBS, како и на стриминг сервисот Paramaount+.
Американската музичка академија во соопштението истакна „дека уметниците ќе се соберат за да свират музика едни на други како заедничка и ќе ја слават музиката која сите не обединува, но дека ќе бидат испочитувани сите безбедносни мерки.“
Да потсетиме, доделувањето на наградите требаше да се одржи на 31 јануари, меѓутоа поради неповолната епидемиолошка ситуација, настанот беше одложен за март.
Организаторите кон крајот на минатата година соопштија дека сакаат да го променат традиционалниот пристап на одржување на овогодинешната церемонија, без публика и црвен килим, односно потврдија дека таа ќе биде одржана „полу - виртуелно“.
Инаку, најмногу номинации за Греми оваа година има Бијонсе, дури 9, додека по три помалку добија Дуа Липа, Тејлор Свифт и Роди Рич.