Хари Стајлс конечно има девојка: Во љубов е со позната актерка

Хари Стајлс конечно има девојка: Во љубов е со позната актерка

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Имаме нова двојка на јавната сцена...

Гласините за тоа со кого е во врска Хари Стајлс, досега никогаш не биле во фокусот или Хари не се состанувал со никој или само добро го криел тоа. Сепак, тој сега се појави во јавноста со својата девојка. Сигурно знаете и за неа!

Тажна вест за сите девојки кои се гледаа себеси како девојки на Хари Стајлс. Сега и официјално овој поранешен член на „One Direction“ е зафатен. Тој со својата девојка за прв пат се појави во јавноста, а кога ги уловија како се држат за рака на свадбата, која се одржуваше викендов, на сите им беше јасно дека тоа е тоа. Пејачот ев во врска со актерката Оливија Вајлд!

Тие беа уловени на венчавката на менаџерот на Хари, Џеф Азоф, каде што и двајцата дојдоа заедно и не се одвојуваа цело време. Оливија му беше партнерка на Хари на оваа венчавка, што е само уште една причина да се осигураме дека сите се навистина заедно. Фотографиите зборуваат повеќе од зборовите, а папараците се погрижија да имаме фотки, што можете да ги видите на порталот „Pagesix“. Извор близок до парот открил дека тие двајца се во врска веќе некое време, поточно неколку недели и дека се многу среќни. Тие наводно се запознале и станале блиски на снимањето на филмот „Don't Worry Darling“. Никој од нив официјално сѐ уште не кажал нешто за врската, но дали воопшто треба? Сега сѐ ни е јасно.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: