Хари Стајлс ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета Втора на неговиот концерт во Њујорк (ВИДЕО)
Неколку часа откако беше објавена веста дека кралицата Елизабета Втора починала на нејзиниот имот Балморал, Хари Стајлс ѝ оддаде почит додека настапуваше во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.
„Жална вест пристигна од мојот роден крај. Ве молам придружете ми се во аплауз за 70 години служење“, порача британскиот пејач на публиката во арената додека сите аплаудираа. „Ти благодарам Медисон Сквер Гарден.“
Инаку, кралицата почина неколку часа откако Бакингемската палата објави дека лекарите се загрижени за нејзината влошена здравствена состојба и препорачаа да остане под медицински надзор. Објавата поттикна неколку членови на нејзиното семејство, вклучително и принцот Хари, принцот Вилијам и кралот Чарлс III, да брзаат во Балморал за да бидат со неа.
ВИДЕО од концертот на Хари Стајлс:
извор: Famoza.net