Хари Стајлс повеќе нема ниту една тетоважа: Погледнете како изгледа без нив
Хари Стајлс е еден од типичните претставници на денешната млада холивудска елита кој е тетовиран од глава до петици. Сепак, овие денови можете да го видите исклучиво без ниту еден цртеж на телото! Фотографиите кои протекоа во јавноста, прилично ги збунија неговите обожаватели!
И навистина, на фотографиите направени од папараците во Лос Анџелес, може да го видиме Хари без маица, а на неговото тело нема ниту една тетоважа! Се разбира, ова не е фотомонтажа, но сето тоа е направено со помош на шминка. Секако, Хари не се срами од своите тетоважи, но со нив едноставно не можеше да го снима својот нов филм „Don't Worry Darling“, пренесува „CapitalFM“.
Како што истакна Hazza неколку пати, тетоважите секогаш ќе му направат проблем во вакви ситуации, а сега секој пат кога ќе снима нешто, прво мора да помине еден час на столче додека шминкерите ги прикриваат! Како што старее, а кожата ќе почне да ја губи својата затегнатост, тој ќе се кае се повеќе и повеќе поради тоа!
harry if he never met louis pic.twitter.com/Ge5l6wwZn6
— marlowe༉ (@0NLYMYANGEL) February 3, 2021
Коментарите на обожавателите се многу интересни затоа што никој не кажува дека помалку им се допаѓа Хари без тетоважи, тие само изјавуваат дека е едноставно чудно да се гледа во такво издание!
Иако тој пред два месеци рече дека неговиот љубовен живот не постои, медиумите потврдуваат дека тој се гледа со Оливија Вајлд, а овие денови не може ни да ја избегне, бидејќи и таа глуми со него во истиот филм. Како ќе изгледа сето тоа, ќе видиме во кино, но не наскоро!
Хари е прилично сериозен кога станува збор за неговата филмска кариера, иако не сака да ја занемари музиката. Единственото нешто што останува занемарено е „One Direction“, што сега му е целосно непотребно од гледна точка на популарност и пари.