Хари Стајлс во фустан на насловната на „Вог“: Обожувам да носам женска облека

Хари Стајлс во фустан на насловната на „Вог“: Обожувам да носам женска облека

Објавена во: Мода // Moj стил

Пејачот ги поместува границите...

Хари Стајлс ја краси насловната страна на магазинот „Вог“, на која уште еднаш ги помести границите.

Овој пат, младиот пејач облече фустан, а како што призна и во самото интервју, тој обожува да носи женска облека.

Не е тајна дека Стајлс, откако ги напушти „One Direction“ стана вистина модна икона. Неговите храбри и единствени модни потези се паметат, а обожавателите се опседнати со сето она што тој го носи.


Она поради што добива многу комплименти е и фактот дека не се плаши да носи парчиња кои традиционално се резервирани за жените. Инаку, Хари е и првиот маж кој се најде на насловната страна на магазинот „Вог“, за 127 - те години постоење на магазинот.

На насловната е облечен е во „Гучи“ јакна и фустан, додека во едиторијалот носи различни фустани.

„Еднаш кога ќе ги избришете границите помеѓу тоа што е облека за мажи, а што за жени, ви се отвара ново поле во кое може да си играте“ - рече Хари.

„Понекогаш шетам низ продавници, ја гледам женската облека и размислувам колку е прекрасна. Така е со многу работи во животот: кога себе ќе си поставите некои граници, само се ограничувате. Има толку уживање во играта со облеката. Никогаш премногу не сум размислувам за тоа што значи тоа“ - додаде.


Хари истакна и дека стилистот Хари Ламберт во потполност го разбира и дека поеднакво сака да си игра со модните комбинации.


„Не можете да претерате. Не постои таква работа. Моите музички идоли - Принц, Дејвид Боуви, Фреди Меркури, Елтон Џон - сите се шоумени. Тоа ме воодушевуваше кога бев дете. Сега носам блескави работи и тоа воопшто не ми изгледа лудо“ - рече и заклучи:

„Облеката е тука да не забавува и да ескпериментираме и да си играме“.

Извор: teenstar.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: