Харвард: Комбинацијата на класична и онлајн настава е најлошиот модел за ширење на вирусот

Харвард: Комбинацијата на класична и онлајн настава е најлошиот модел за ширење на вирусот

Објавена во: Совети // School zone

Американските експерти сметаат дека е подобро децата или да се испратат на училиште или потполно да се воведе учењето на далечина...

Ширум светот се размислува по кој пат да се продолжи образовниот процес во претстојната учебна година и како најуспешно да се минимализира ширењето на коронавирусот. Според актуелните информации поврзани со новата учебната година, во Македонија во училишните клупи на 1 септември ќе седнат најмалите, а учениците од повисоките одделенија и средношколците учебната година ќе ја започнат со онлајн настава.

Но, што точно ќе се договори како оптимално решение, останува да почекаме во наредните денови, а како што наведува „Wired“, хибридниот модел на образование, кој подразбира комбинирано учење на далечиња и одење во училиште, би можел да биде најопасната опција за претстојната училишна година.

Имено, училиштата ширум САД бараат начин за образовниот процес да не сопре, а истовремено да не ја загрожат безбедноста на учениците. Во некои училишта учениците ќе се вратат во клупите, додека во други места наставата ќе се одвива на далечина. Како трето решение, 20 до 30% од училиштата во САД ќе применат хибриден модел, кој би подразбирал дел од наставата да се одвива во живо, а дел преку интернет. Групите кои доаѓаат во училиште и кои остануваат дома ќе се менуваат, а учениците најмногу два дена во текот на неделата ќе поминуваат во училниците.

Според зборовите на Вилијам Хенеџ, епидемиолог од здравствено - образовната институција на Харвард „T.H. Chan School of Public Health“, хибридниот модел е веројатно помеѓи најлошите, доколку целта е да се спречи влегувањето на вирусот во училиштето. Како што додава, иако враќањето во училиште е предизвик, некои држави како Данска и Финска, покажаа дека е можно успешно да се отворат образовните институции за учените од помала возраст. Притоа, немало показате за ширење на вирусот.

Како што нагласува Хенеџ, доколку се гледа од епидемиолошки агол, хибридниот модел ќе произведе поголем број на контакти, а со самото тоа повеќе луѓе ќе бидат подложни на вирусот. Доколку децата два дена неделно одат на училиште, а преостанатите три се дома, родителите ќе мора да изнајдат начин да ги згрижат додека се на работа. Децата така ќе доаѓаат во допир со други луѓе и потенцијално ќе го добијат вирусот, кој подоцна ќе го пренесат во училиштето.

Со Хенеџ се сложува и Мартин Кулдорф од Медицинскиот факултет на Харвард: „Кога нормално одат во училиште, децата главно се на само две места - дома и на училиште. Со хибридниот модел, децата мора да бидат и на трето место, со други луѓе, како бабите и дедовците, соседите, дадилките...“ Со зголемување на бројот на местата на кои детето го поминува времето, хибриот модел така би бил најлошата можна солуција.

Извор: detinjarije.com


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: