Хејли ја споредија со новогодишна елка: Поради одлуката да се стилизира сама ја изгуби титулата кралица на уличната мода

Хејли ја споредија со новогодишна елка: Поради одлуката да се стилизира сама ја изгуби титулата кралица на уличната мода

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата манекенка Хејли Бибер е мета на критики поради бизарните пантолони кои ги облече за еден настан...

Хејли Бибер во последно време е главна мета на папараците поради шпекулациите дека поминува низ криза во бракот со Џастин Бибер. Озборувањата дека нешто не е во ред со нивниот однос, почнаа по видеото кое кружеше на Интернет на кое Џастин ѝ вика на својата сопруга пред многу луѓе.

Откако луѓето забележаа дека Хејли повеќе не се смее како некогаш, сега во прв план дојде нејзиниот стајлинг, кој многумина го осудија.

Имено, манекенката носела црни панталони со зелени детали, кои многумина ги потсетуваат на новогодишна елка. Иако по долго време може да се види дека менекенката се смее, оваа комбинација е прогласена за апсолутна грешка.

Хејли Бибер неодамна одлучи да нема стилист и за своите комбинации да се грижи сама. Сепак, ако се соди по корисниците на социјалните мрежи, тоа не ѝ бил паметен потег.

„Што е ова?! Хејли откако се стилизира сама, многу лошо...“ - гласеше еден кометар.


„Каде исчезна нејзината стилистка?“, „Во пресрет на новогодишните празници“, „Мислам дека Хејли одлучи повеќе да не работи со неа, туку сама да се стилизира. Значи, навистина е лошо“ - се редеа коментарите.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: