Хејли смета дека не може повеќе: Што е она што речиси им го уништи бракот на Биберови?
Ова е проблем кој уништува и врски...
Бракот на Биберови постојано е под лупа и често се пишува дека се распад, бидејќи Хејли секогаш изгледа тажно, имаше фотки на кои Бибер плачеше во јавност... и изгледа дека навистина имале прилично кризен период, но тој сега е зад нив, според она што го кажа Хејли во новата епизода на подкастот „In Good Faith With Chelsea & Judah Smith“, а пишува „US Weekly“.
„Се сеќавам дека неколку пати ја повикав мајка ми, особено еднаш која бевме во Бруклин, ја повикав плачејќи и бев како: Јас не можам повеќе“ - раскажа Хејли во тоа интервју.
Но, кога поминала најголемата кризи, се потсетила самата себе дека тој брак бил нејзина одлука и дека со причина ја донела таа одлука, бидејќи ја сака личноста со која е во брак и сега не би било во ред да се откаже туку така, бидејќи имале тежок период. Во едно поранешно интервју кое Џастин го даде за „GQ“, призна што е нивниот најголем проблем во бракот: недостатокот на доверба. Имало многу работи кои не сакал да ѝ ги каже на Хејли, бидејќи се плашел од нејзината реакција, па едноставно ги премолчел, што подоцна му се удриле од глава.
Во подкастот Хејли споменува дека во некои моменти навистина не била сигурна во тоа дали нивниот брак ќе преживее. Но, сепак преживеал! Иако и многу луѓе, вклучувајќи ги и нивните обожаватели, не мислиле дека ќе останат заедно, Џастин и Хејли сега се посреќни од било кога и дури го планираат и проширувањето на семејството.