Хеланки како главен дел од комбинацијата: 5 модни парчиња кои ќе направат да изгледате поелегантно
На овој начин ќе се чувствуваш удобно, а и ќе изгледаш прекрасно...
Хеланките се удобни и тоа е доволно добра причина да посакаме да ги носиме постојано, но проблемот е што често не можеме да направиме комбинација со нив, а во неа да изгледаме дотерано и како нешто во што би можеле да одиме на кафе со пријателите или на училиште. Доколку не ги претпочиташ спортските комбинации, но ги обожуваш хеланките, ова се неколку предлози за тебе.
Особено сега, кога сме навикнати да живееме во удобна облека како хеланки или тренерки. Кога си на училиште или доколку имаш договорено дружење или било кој друг повод за излегување од дома, хеланките ќе можеш да ги носиш во различни комбинации, а да не бидеш спортски облечена.
За да направиш некои супер комбинации со хеланки, важно е прво да имаш добри и квалитетни хеланки. Под ова се подразбираат хеланки кои не се проѕираат и кои немаат дупки или некои други оштетувања. Комбинациите со хеланки може да изгледаат лошо, но не доколку ги искомбинираш на некој од овие начини. Потребни ти се овие 5 парчиња, бидејќи тие ќе ги кренат хеланките на едно повисоко скалило.
# Сако
# Гломазни чизми
# Џемпер без ракави
# Долг капут
# Карирана кошула околу половината
фото: indira\'s work i Andrey Arkusha / Shutterstock