Херој на денот: Пожарникар му пришол на исплашено девојче по сообраќајната несреќа, а случаен минувач снимил што се случувало потоа (ВИДЕО)
Пожарникарите се познати по својата храброст и сила во итни случаи. Но, овој храбар пожарникар е попознат по нешто друго. Полн со нежност и љубов му читал книга на мало девојче по сообраќајна несреќа.
Оваа случка не е нова, но е потсетување за големината на еден, пред сè човек. Таа ноќ, околу 20 часот, пожарникарите интервенирале по најава за сообраќајна незгода. Автомобилите биле оштетени, но за среќа никој од патниците не бил телесно повреден.
Сепак, ваквите трауматични средби можат да бидат многу застрашувачки за децата. Тогаш Рајан Бентон му пришол на едно девојче кое седело на улицата избезумено, па и понудил да и чита приказна за да ја смири.
-Се обидуваше да и го одвлече вниманието од она што се случи. Ова им даде доволно време на нејзините родители да се фокусираат на работите за кои требаше да се погрижат, изјавил очевидецот.
Али Мари Шмалц, случаен минувач на несреќата, го снимила овој незаборавен и трогателен момент. За неа тоа беше „најслаткото нешто досега!“
Рајан и симпатичното девојче читале, и се чинело го има нејзиното целосно внимание!
Медиумскиот координатор на Billings Firefighters, Камерон Абел, рече дека Рајан е една од причините зошто нивниот оддел е „исклучително горд“ на своите луѓе. Тој рече дека тие биле светлина во студена, страшна ноќ. Тие ќе им бидат достапни на другите во нивните најтемни моменти.
Љубовта и нежноста се она што им е најпотребно. Тие се секако пресудни во најтемните часови. Мал напор како читање книга за да се смири исплашеното девојче е навистина спасоносен чин.