Хистеричен испад на мајка која жестоко ја напаѓа ќерката поради изборот на облека: Нема да одиш таква на училиште, изгледа како бездомник (ВИДЕО)
Сето тоа заврши на ТикТок, а многу луѓе ѝ дадоа поддршка на девојката...
Тоа што мајките и ќерките често не се согласуваат и влегуваат во конфликти поради различните мислења не е ништо ново.
Една ТикТокерка, пак, тајно ја снимала својата мајка среде жесток вербален испад, а видеото привлече огромно внимание, на кое тинејџерката сигурно не се надевала. Така за неколку дена има повеќе од 2 милиони прегледи.
„Мајка ми ми се налути затоа што носам машка облека. Не можеше ни да ми даде вистински одговор зошто се налути“ - пишува во описот на видеото кое трае 57 секунди, а низ кое многу е очигледно дека нејзината мајка не се согласува со нејзиниот стил на облекување.
Изнервираната мајка упати користи и пцовки кога го коментира изборот на облека на нејзината ќерка тинејџерка и дури ѝ се заканува дека нема да ја пушти да оди така облечена на училиште.
„Носиш облека на татко ти што воопшто не ти стои, изгледаш како бездомник“ - вика мајката.
На тоа нејзината ќерка со смирен тон ја прашува: „Не гледам во што е проблемот, бидејќи никого не повредувам“.
„Тивко. Не мораш ти да го видиш тоа“ - ја пречесе мајката, продолжувајќи ја драмата со викање.
Под видеото девојката доби коментари полни поддршка, бидејќи многумина се согласуваат дека нејзината мајка претерала со реакцијата.
@freeshavacado61 Bros I just gotta say you do u man, do what YOU feel comfy in and do what makes you happy, don’t listen to the haters. Also sorry if i talk way too fast for you guys, I talk fast when I’m nervous #youdoyou #americaneagle #dontworryaboutit original sound - IfuckingloveSaltedPretzels
Тинејџерката објави уште едно видео во кое открива дека во моментот на снимањето на видеото носела „убава облека“ - панталони и кошула. Таа објасни дека нејзиниот татко дошол кај неа и нејзиниот брат и дека им кажал дека се обидува да се ослободи од некоја стара обелка, па таа ја искористила можноста да ја обнови гардеробата.
„Јас лично сакам широка облека и помалку сум маженствена“ - објасни оваа девојка и додаде дека се чувствува удобно во машка облека, но дека тоа очигледно не ѝ се допаднало на мајката.
Сепак, луѓето треба да останат она што се и да го носат она во што се чувствуваат убаво. Многу од корисниците кои коментираа под видеото, се согласија дека родителите треба да ги поддржуваат своите деца, а не да се обидуваат да ги обликуваат во луѓе што сакаат да бидат.
фото: Принтскрин / ТикТок