ХИТ БОЈА ЗА ОВА ЛЕТО: Портокаловата боја ги надмина неонските и жолтите нијанси!

ХИТ БОЈА ЗА ОВА ЛЕТО: Портокаловата боја ги надмина неонските и жолтите нијанси!

Објавена во: Мода // Moj стил

Најпрво завладеаа неонските бои. Потоа се појави и сончевата жолта. А, сега сите се насочени кон портокаловата.

Оваа нова боја би можела да остане подолго време, особено зошто е прелесно да се искомбинира и тоа им дава изговор на луѓето да кажат дека „портокаловата е новата црна“. Постојат неколку работи кои треба да ги знаете околу портокаловата нијанса. Таа не е слатка нијанса, ниту блага, а нема ни нежен тон. Таа е интезивна и впечатлива. Можете да ја носите секој ден без никакви грижи.

Оваа боја ја симболизира среќата. Како што Shutterstock, фирмата за фотографирање објаснува, оваа боја претставува се што е поврзано со топлините, па се до доброто здравје. Да бидеш среќен не е нешто што доаѓа само од себе, туку мора и самиот да вежбаш за да станеш подобар во тоа. Можеби звучи глупаво, но носењето на боја која дава живост и позитивност секако може да помогне. Портокаловата може да прими различни облици. Дури и актерката Зендаја неодмна носеше комплетна модна комбинација во портокалова боја.

Доколку сакате и вие да бидете во тренд, во продолжение ви претставуваме неколку портокалови парчиња облека во кои би заблескале: 


Извор: teen385.com

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: