Хит фотка од детството на Џенифер Гарнер: Вака изгледа фризура за 8 долари
Американската актерка Џенифер Гарнер објави фотографија од детството, па се пошегува на сметка на својата фризура од младоста.
Имено, поранешната сопруга на Бен Афлек објави фотографија од детството на својот профил на Инстаграм, а со оглед на фризурата која ја има, таа додаде објаснување.
„Понекогаш шишањето од 8 долари успева, понекогаш не“ - напиша познатата актерка под објавата.
Со оваа објава ги насмеа своите следбеници, а еден обожавател и напиша дека нејзиниот син Сем Афлек изгледа исто како што изгледала таа во младоста.
Инаку, Гарнер ги има 8 - годишниот син Самуел, 14 годишната ќерка Вајолет и 11 - годишната Серафина со својот сопруг Бен Афлек, кој моментално е во врска со актерката Ана Де Армас, а се зборува и дека неодамна ја запросил.