Хит трансформација на првата победничка на „Ѕвездичките на Пинк“: Се повлече од јавноста, па ослабна 25 килограми (ФОТО)
Најпрво имала желба да поработи на своето здравје, а потоа, со самото тоа и на својот изглед...
Пред околу 7 години, младата Марија Сердар ја однесе победата во првата сезона на „Ѕвездичките на Пинк“. И денеска, многумина добро ја паметат како девојката со моќен глас, која вети дека ќе ослабне за да го подобри своето здравје, а воедно и да поработи на својот изглед.
Судејќи по нејзините објави на Инстаграм, таа го одржа својот збор.
Во една прилика, откри дека од крајот на натпреварувањето успеала да ослабне 25 килограми, но дека тоа никако не крај на нејзиниот пат.
Исто така, самата победа ѝ го промени животот, а во тој период, Марија на јавноста ѝ откри дека би сакала да студира во странство.
„... Многу работи се променија. Го променив училиштето, сега сум средно. Почнав да држам диета, да слабеам и ослабев 25 килограми откако заврши натпреварувањето. Првенствено сакам да ги намалам килограмите поради своето здравје и себе, а потоа затоа што тоа ѝ го ветив на публиката, па и од почит кон нив“ - кажа тогаш таа за „Pink.rs“, па додаде дека по завршувањето на средното училиште, би сакала да студира надвор од Србија.
фото: Принтскрин / Јутјуб