Хит упатство за користење на Вибер: Светлана на генијален начин ја едуцираше баба ѝ

Хит упатство за користење на Вибер: Светлана на генијален начин ја едуцираше баба ѝ

Светлана сигурно не е осамена во својата мака...

Младите генерации во последните години добија не толку лесна задача - да ги обучат повозрасните како да ги користат модерните технологии.

Оној кој мислеше дека „заболел“ додека ја учел својата баба како се испраќа СМС порака, не ни претпоставувал дека за неколку години ќе мора да ја обучи како се користи Андроид, но и да ја запознае со сите магии на апликациите и социјалните мрежи.

Сигурно барем еднаш сте добиле прашање од вашите драги баби и дедовци како да го направат „ова“ на Вибер или како на Јутјуб да го погледнат „она“... Со овој проблем изгледа дека повеќе пати се соочила и Светлана, корисничка на Твитер, која на крајот пронашла начин како на својата баба да ѝ ги скрати маките, со тоа што ѝ нацртала упатство за употреба.


Светлана на Твитер објави фотографии на кои се гледа дека во една тетратка уредно ѝ ги илустрирала сите опции и икони, кои ја збунувале нејзината баба, кога се во прашање апликациите.

Нејзината објава за кратко време стана толку вирална, што на оваа тема се јавија и од Вибер и додадоа уште едно упатство, како бабата да сними видео порака.


И додека корисниците имаат само пофални зборови за идејата и трудот на Светлана, таа отворено признава дека била на „работ да доживее нервен слом“ додека го цртала ова.

Вели дека упатството е навистина корисни, секако сѐ додека не го изгуби нејзината баба.

Во случај да не можете да ги обучите вашите мајки и татковци, баби и дедовци, обидете се со методот на Светлана. Доколку и ова не успее, тогаш можеби е подобро Андроид телефоните да им ги замените со класичните телефони.


Можеби ќе ве интересира: