(ХИТ ВИДЕА) Гиговска стана турбофолкерка: Ги отпеа најголемите српски хитови!
Изминатата недела, младата пејачка Антониа Гиговска беше во Белград каде што се подготвуваше на полуфиналето на музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“. Со својот настап таа ги остави сите без зборови, но и за време на пробите не беше поинаку.
Имено, додека таа се подготвуваше со своите пријателки од шоуто, одвоија малку време за забава. Антониа за момент ја заборави песната која требаше да ја вежба за настапот и почна да пее песни од Дара Бубамара и Александра Пријовиќ.