Хит видео: Ова куче ја има најсмешната реакција кога за првпат зголедува балон
Најверојатно најдобар начин за да се опише 3-годишниот Теди е: љубопитен, но внимателен. Има некои работи од кои се плаши, како перница и кутија, затоа на сѐ што е ново пристапува со внимание, како на пример на балонот во виралното видео.
„Теди е многу внимателен кон сѐ со што се среќава. Но, кога ќе се загрее за нешто, понекогаш е премногу храбар“ - кажа за „Dodo“ Џонатан Лоуер, сопственикот на Теди.
Овој ретривер и неговиот сопственик сакаат заедно да снимаат интересни видеа, а Теди научил да седи мирно за да добијат совршено видео. Неодамна снимија видео за Денот на вљубените, а сопственикот на миленикот му донесе колачиња како подарок. Со себе носел и балон како реквизит. За жал, Теди не бил подготвен за воведување на нешто ново и тоа на крајот потполно му го украло вниманието.
@aguyandagolden Reply to @(null) Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey
„Сега кога ќе се сетам, мислам дека тоа му беше првпат во животот да види балон. Буквално не можеше да го раздвои погледот од него“ - кажа сопственикот.
Додека сопственикот се обидувал да продолжи со снимањето, сѐ што Теди можел да направи е да гледа во балонот. Секако, останал совршено мирен, но ги држел очите вперени во балонот. Лоуер на снимањето имал чувство дека Теди ќе се уплаши од балонот, па го повлекол доле за да го прегледа и да му покаже дека не е толку страшно. Меѓутоа, откако повторно го пуштил, Теди продолжил да гледа во балонот.
Теди и Лоуер видеото го снимале во собата на Теди, која неговиот сопственик посебно ја уредил за него. Набрзо сфатил дека кучето дефинитивно нема повеќе да обрнува внимание на било што друго додека не го тргне балонот.
„Не сакаше да го тргне погледот од него додека не го изнесов од неговата куќичка“ - кажа сопственикот.