Хју Грант за искуството со коронавирусот: Ја ставав главата во канта за отпадоци за да почувствувам нешто

Хју Грант за искуството со коронавирусот: Ја ставав главата во канта за отпадоци за да почувствувам нешто

Објавена во: Живот // Живот

Англискиот актер Хју Грант во првиот квартал од оваа година беше заразен со коронавирусот, а сега реши да раскаже како се чувствувал во тој момент.

Имено, актерот бил позитивен на почетокот на пандемијата, а сега кажа кои симптоми му се појавиле во тоа време.

Некои беа невообичаени, додека на другите ме предупредија лекарите.

Првиот симптом кој го забележал е прекумерното потење, па додаде:

„Набрзо потоа имав чувство како очите да ми се поголеми за три броја. Подоцна почнав тешко да дишам, како на градите да ми седеше голем човек“ - рече актерот.

Потоа го изгубил сетилото за мирис, што било многу чудно искуство.

„Го мирисав секој цвет, ѕиркав во корпата за отпадоци... Сакав да го помирисам секој странец кој помина покрај мене. Кога се вратив дома тој ден, на лицето си прскав од парфемот на жена ми и не почувствував ништо“ - додаде тој.

Неговата сопруга Ана Еберстајн исто така се зарази со коронавирусот, а имала скоро исти симптоми како и нејзиниот сопруг. За среќа, парот успешно се опарави, а минатиот месец беа на одмор во Венеција.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: