Холивуд дома: Татко и ќерка рекреираа сцени од познати филмови, резултатите урнебесни
Петгодишната Матилда беше Џек Николсон, Брус Вилис, Мајкл Џеј Фокс...
За да им помине побрзо времето кое морале да го поминат во изолација, Алекс Зане и неговата ќеркичка Матилда во април започнале еден необичен проект - одлучиле да рекреираат култни сцени од најпознатите филмски остварувања.
Всушност, идејата била на нејзиниот татко, а Матилда била главниот јунак на секоја рекреирана фотографија.
Инаку, Алекс кој работи како јавен обвинител, дошол на идеја да направи необични фотографии кога видел како неговата ќеркичка во моментите на досада се качува на големите играчки и се однесува како да сурфа.
„Во тој момент се сетив на сцената во која Мајкл Џеј Фокс сурфа, па ја фотографирав Матилда и таа фотографија му ја испратив на пријател кој е професионален фотограф“ - вели Алекс.
„Тој додаде ефекти, па таа фотографија на објавив на Фејсбук. На луѓето им се допадна тоа, а потоа одлучив секој ден да ја фотографирам Матилда, а таа да ги имитира јунаците од најпознатите филмски остварувања. Таа се забавуваше, ѝ беше полесно да го поминува времето дома, а јас одлучив да ги објавувам рекреираните фотографии на Инстаграм.“
Според неговите зборови, реакциите биле неверојатни:
„Сопругата и јас мислевме дека таквите фотографии би можеле да бидат симпатични на нашите пријатели и семејство, но фактот дека им се допаднаа на луѓето кои не ги познавам навистина ме израдува. Доколку барем на 11 секунди успеавте да им го одвлечеме вниманието на луѓето од негативните вести, тоа е добро.“
Инстаграм профилот на кој Алекс ги споделува фотографиите на Матилда го следат околу 18.000 луѓе.