Холограм од рајот: Канје ја расплака Ким со роденденскиот подарок

Холограм од рајот: Канје ја расплака Ким со роденденскиот подарок

Објавена во: Живот // Живот

Видеото е прегледано над 7 милиони пати и предизвика бројни реакции. Ја лајкнаа скоро милион и пол луѓе. „Имам треска додека го гледав ова, беше толку емотивно да го гледам ова во живо“, „Сè уште плачам поради ова“, „Најубавиот подарок“, напишаа пријателите на познатата старлета.

Познатата двојка Канје и Ким секогаш се во центарот на вниманието на медиумите, особено последните неколку дена Ким со забавата за нејзиниот 40-ти роденден. Токму по тој повод, Канје ја изненади до срж, ѝ подари холограм од нејзиниот татко, Роберт Кардашијан кој почина во 2003 година.


"Холограм од рајот. За роденденот  Канје ми го даде најубавиот подарок во мојот живот. Посебно изненадување од рајот. Холограм на татко ми. Изгледаше толку живо, го гледавме одново и одново, преплавено со чувства и солзи. Не можам ни да опишам што ми значеше ова мене и на моите сестри, брат, мама ... Благодарам многу, Канје, за овој спомен цел живот “, напиша Ким покрај видеото од холограмот на Инстаграм.

Инаку, Роберт Кардашијан почина на 59-годишна возраст. Боледуваше од рак.


Фото: Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: