ХОРОСКОП за неделата што претстои: Четири знаци во неповолна ситуација

ХОРОСКОП за неделата што претстои: Четири знаци во неповолна ситуација

Објавена во: Живот // Живот

ОВЕН

Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи неделата ќе биде одличена за уметност, а неповолена за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите на кино, театар – одлично ќе се чуствувате.

БИК

Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи.

БЛИЗНАЦИ

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех. Доминантни сте во односот со околината и имате вишок енергија.

РАК

Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ќе ви помогнат да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот во желбите од него да добиете подршка.

ЛАВ

Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. На работното место постои можност да бидете предупредени поради неизвршувањето и неточноста на задачите. Побарајте помош за решавање на кризата.

ДЕВИЦА

Новата недела ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу конзумирате нездрави намирници.

ВАГА

Сте се вклопиле во средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните.

ШКОРПИЈА

Ќе располагате со малку енергија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Неделата ќе биде поволена за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува работно успешена недела. Ќе ги шармирате соработниците и конкуренцијата така што ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение.

ЈАРЕЦ

Можностите за деловен успех и професионален напредок во новата недела ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате.

ВОДОЛИЈА

Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите.

РИБИ

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: