Храбра тинејџерка ги обвини „големците“ на економскиот самит во Давос за климатската криза

Храбра тинејџерка ги обвини „големците“ на економскиот самит во Давос за климатската криза

Додека голем број од делегатите на Светскиот економски самит пристигнаа со нивните приватни авиони, 16-годишната шведска активистка за климатски промени, Грета Тунберг пристигна по 32-часа со воз од нејзиниот дом до Давос. Таа исто така е кампуваше надвор, наместо во луксузен хотел, во шатор на 0 степени целзиусови.

Во четвртокот, ова девојче имаше восхитувачки говор пред големи луѓе, меѓу кои и музичките ѕвезди Боно и Will.i.am, директори, претседатели, како и низа на банкари и инвеститори. 

- Некои луѓе велат дека климатската криза е нешто што сите сме го создале, но тоа не е точно, бидејќи ако сме сите виновни, тогаш никој не е виновен. А некој е виновен- изјави категорично Тунберг.

- Некои луѓе, некои компании, некои носители на одлуки, точно знаат кои непроценливи вредности се жртвуваат за да продолжат да прават незамисливи суми на пари. И мислам дека многумина од вас овде денес припаѓаат на таа група на луѓе- храбро додаде младата девојка.

По кратка пауза во собата, Боно да почна да ракоплеска.

Тунгерг е среќна со својата мисија да ја освести глобалната елита во справувањето со климатската криза.

- Им реков дека тие припаѓаат на групата луѓе кои се најодговорни и дека иднината на човештвото почива во нивните раце, и тие не знаат како да реагираат- раскажа таа за CNN.

Тинејџерката со карактеристични две плетенки има Аспергеров синдром, зборува тивко и живее со нејзините идеали. Таа е непоколеблива во нејзината посветеност на каузата, одржувајќи неделно штрајк пред шведскиот парламент. Таа вели дека нема да запре се додека Шведска е во согласност со Договорот од Париз, договор кој има за цел да се ограничи на глобалната температура, која се зголеми во овој век до 1,5 степени Целзиусови.

- Мојата порака е дека ако не се грижиме за климатската криза и ако не дејствуваме сега, скоро во иднина нема да има никакво друго прашање. Зошто треба да учам за иднината што наскоро можеби нема да постои?- вели Грета.

- Сакам да го почувствувате стравот што го чувствувам секој ден и да дејствувате како вашата куќа да гори- додава таа.


Можеби ќе ве интересира: