Храбро момче (6) на неверојатен начин ѝ го спасило животот на мајка си кога таа добила напад
Храбро шестгодишно момче и го спасило животот на мајка си кога имала напад со тоа што запамтил детска рима за тоа како и кога да се јави на 911.
Емили Вајат (27) од Бирмингем минатата недела доживеала тежок епилептичен напад, но нејзиниот најстар син Теди успеал да повика помош.
Теди се јавил на 999 откако ја слушнал неговата мајка како довикува од спалната соба и останал на телефон со персоналот додека болничарите биле на пат кон куќата.
Тој дури се погрижил неговиот помлад брат, двегодишниот Реџиналд, да биде безбеден.
Емили рече дека нејзиниот син знаел да се јави на 911 откако таа го научила на песна за болничарите кога имал три години.
Песната „Ambulance Song“ раскажува како и кога брзата помош може да им помогне на луѓето во неволја, пишува Daily Mail.
„Толку сум горда на моето момче, веднаш се јави на 911. Му отпеав песна и му кажав што да прави ако имам напад. Имам околу четири напади годишно, но досега тоа не се случило кога бев сама со децата“, изјавила Емили.
Болничарите рекоа дека Теди бил неверојатен - тој цело време останал на телефон и ја отклучил вратата кога пристигнала помошта.
Мајката додала дека и е драго што го научила на песната бидејќи сега сигурно никогаш нема да ја заборави.