Храна која помага за растот на трепките: Што треба да јадеш за да имаш долги трепки?
Постои и добра причина зошто секој од овие продукти се најде на оваа листа...
Постојат дури 7 работи кои можеш да ги јадеш често, а кои ќе ти помогнат за да се забрза растот на твоите трепки и воедно да изгледаат погусто. Еве за кои продукти станува збор:
# Јајца
Јајцата се полни со протеини, а како косата, така и трепките во себе имаат кератин. Како е поврзано тоа едно со друго? Храната која е богата со протеини му помага на нашето тело да произведува повеќе кератин. Па така косата и трепките ќе станат поцврсти и подолги.
# Лосос
Оваа риба е полна со омега 3 масни киселини, витамин Д и витамин Б. Сите овие витамини се важни за трепките, секој на свој начин. Омега 3 маните киселини ќе го намалат паѓањето на трепките. Другите два витамини го поттикнуваат нивниот раст.
# Јасткасти плодови
Уште нешто, што исто така е полно со претходно споменатите омега 3 масни киселини се и јаткастите плодиви, како лешници, ореви или бадеми. Освен таа состојка, тие го содржат и витаминот Е. Комбинацита на омега 3 и овој витамин помага кај пренесувањето на крв и кислорот во молеколите на влакната (трепките). Го подобрува протокот на крвта и ги зајакнува косата и трепките. За некои можеби лососот нема да биде продукт до кој лесно ќе дојдат, но затоа јаткастите плодови се многу попристапни.
# Овошје и зеленчук
Дека треба да се јаде овошје и зеленчук знаат и птиците на гранките, бидејќи се полни со различни витамини кои ќе му помогнат на твоето тело на различни начини.
# Печурки
Печурките се богати со витаминот Б3 и поради тоа ќе ти помогнат со циркулацијата и производството на кератин. Витаминот Б3 го стимулира растот на трепките и ќе помогне да се зајакнат оние трепки кои се ретки и слаби. Покрај тоа и овој витамин помага кај проблемот со опаѓање на трепките.
# Грав
Уште еден продукт кој е супер корисен за твоите трепки е гравот, кој ги содржи витаминот Х и витаминот Б9. Тие ќе ја поправат твојата циркулација и така ќе го забрзат растот на трепките, кои ќе бидат погусти и поцврсти. Да имаш потполно здрави трепки е 100 пати подобро, отколку слабите трепки да ги криеш зад додадените.
# Житарки
Житарките се полни со витамонот Б и железо и се вистински продукт за убави трепки. Витаминот Б9 кој го има во нив го стимулира производството на меланин, пигмет кој на твоите трепки им ја дава нивната боја. Железото ќе ги направи трепките посилни, а со тоа и поубави.