Хрватска откри: Какви санкции ги очекува оние ученици кои треба да носат маски на училиште, а не го прават тоа?

Хрватска откри: Какви санкции ги очекува оние ученици кои треба да носат маски на училиште, а не го прават тоа?

Објавена во: Совети // School zone

Денес во Хрватска учениците се враќаат во училишните клупи, но со некои нови правила...

Иако треба да се носат маски во затворени простории или во јавен превоз, каде и да одиш, можеш да наидеш на луѓе кои не го почитуваат ова. Што ќе се случува со оние кои не го почитуваат во училиштата?

Владата на Хрватска во четвртокот официјално ја донесе одлуката за настава во основните и средните училишта, високообразовните установи и извршувањето на работата во предучилишните образовни институции во услови на пандемија. Како што истакна тамошниот министерот за образование Радова Фукс, наставата започнува од денес со планирате три сценарија кои се веќе познати.

Бидејќи маските ќе бидат задолжителни за учениците и наставниците, еве што ќе се случува со оние кои нема да сакаат да ги носат? Фукс порачува дека Министерството не пропишало санкции бидејќи Хрватска не е полициска држава, но нагласи дека ученикот кој ќе одбива да носи маска ќе биде третиран како да ги прекршува правилата на однесување пропишани во училиштето, исто како да го уништува ѕидот на училиштето.

„Во тој случај или ќе се повикаат родителтие или ќе се испрати дома ученикот или нешто слично. Директорот има можност да каже дека ја нарушуваат работната дисциплина. Оние наставници кои не можат да носат маски поради некоја причина, постојат алтернативни решенија, визири.“ - истакна министерот за образование.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: