Ѝ била доволна една фотка за да открие дека момчето ја изневерува: „Мило ми е што сега ти е поранешен“
Никој не би сакал да биде во кожата на оваа девојка...
Уште еден во низата случаи каде девојките на некои, на прв поглед банални начини, откриле дека момчињата ги изневеруваат. Општо е познато дека девојките се вистински детективи и дека може да ги откријат апсолутно сите информации кои во тој момент ги интересираат, но сепак е најтешко и најлошо кога ќе откриете дека момчето ве изневерува, а низ тоа поминала и оваа девојка.
Ако некој не е воодушевен од начинот на кој дознал дека некој го изневерувал, тогаш тоа дефинитивно е оваа девојка, која на една обична фотографија забележала еден мал детаљ кој ѝ го открил неверството на нејзиното момче. Имено, девојката таа фотографија ја објавила во облик на ТикТок видео, а фотката на прв поглед делува обично - се гледа како нејзиното момче лежи на кревет, односно спие. Но, ако погледнеме малку подобро, како што погледнала и оваа девојка, од неговата десна страна на фотографијата е видлив мал дел, ни помалку ни повеќе, од кондом.
@pets.hendrikse NZ #couchguy ?? LOL this sound was perfect for this #fypシ #foryoupage
what the fuck was that - champagnemami
Таа мала ситнициа го променила целото значење на фотографијата со оглед на тоа што оваа девојка не била со него во моментот кога настала, што докажува дека не бил нивен кондомот, туку дека тој истиот го искористил со некоја друга.
Пријателите и следбениците ја тешат девојката во коментари, иако сите сметаат дека е добро што таа го дознала тоа. „Ова всушност ми го скрши срцето, драго ми е што сега ти е поранешен“, „Всушност бил толку мрзелив што само го фрлил кондомот на кревет, а не во ѓубре“ - се само некои од коментарите.
Девојката им одговори на сите со тоа што посочила дека на фотографијата најпрво го забележала кондомот, пред да воопшто да го види своето момче.