Ѝ ги одбројувале деновите: На мајката на Селена Гомез ѝ бил загрозен животот поради коронавирусот
Мајката на Селена Гомез, Менди Тифи, открива дека нејзината речиси фатална двојна пневмонија била „влошена“ кога се заразила со вирусот Ковид-19, една недела пред да ја прими првата доза од вакцината. Таа во интервјуто за „People“, зборуваше за тешката борба со здравјето оваа годиа, како и на кој начин ја лекувале во болница.
„Добив пневмонија во февруари во Њујорк, и претпоставувам дека докторот тоа не го реши како што треба“ - кажа таа и додаде дека примала интравенска витаминска терапија, која според неа многу ѝ помогнала. Сепак, само една недела пред да ја прими вакцината против коронавирусот, таа се заразила, а нејзината состојба се влошила до тој степен што итно била пренесена во болница.
„Првата болница беше прилично мачна за мене, ми велеа: „Зошто не ја прими вакцината?“. Јас им велев: „Буквално не можам да дишам во моментов. Можеме ли за ова подоцна? Ќе објаснам зошто“ - откри Менди.
Мајката на Селена не ја наведе првата болница во која ја лекувале, но кажа дека подоцна била префрлена во медицинскиот центар „Cedars-Sinai“ во Лос Анџелес. Таму ја лекувале со стероиди, антибиотици и со неа правеле вежби за дишење. Докторите тогаш ѝ велеле дека ѝ останале два дена живот, како и дека не им е јасно како дишела целото ова време. Таа ги немала специфични симптоми како што се губењето на сетилата за мирис и вкус, туку вирусот ѝ ги нападнал белите дробови.
Откако излегла од болница, многумина го коментирале нејзиниот вишок килограми кога се фотографирала за насловната страница на магазинот „Entrepreneur“, а таа набрзо објасни дека се поправила поради тешката инфекција и дека за неа најголема среќа е тоа што е жива.