Ѝ го промениле видот на гранулите: Реакцијата на мачката ќе ве насмее до солзи
Децата умеат да бидат прибирливи, особено кога е во прашање храната, но ниту некои животни не заостануваат. Конкретно, примерот со прибирливост кај животните, го покажа една мачка.
Имено, една ТикТокерка го променила видот на храна која ѝ ја дава на својата мачка и таа веднаш јасно ѝ дала до знаење што мисли за тоа.
Откако жената ѝ ја сервирала храната во сад и истиот го ставила на подлога за хранење на подот во кујната, нејзината мачка ја помирисала храната, а потоа со шепата ја преклопила подлогата над садот.
Секако, тоа не е сè. Незадоволно ја погледнала својата сопственичка, а потоа ја напуштила кујната. Оваа мачка дефинитивно знае што сака.
@sarasophiecatfluencers Picky with an attitude.#catoftiktok #highmaintenance #petsoftiktok #notachanceinhell
Blue Blood - Heinz Kiessling & Various Artists