И јас си родив мој Илон на денешен ден: Водителката Миа Костова со емотивна порака за роденденот на синот
Еден од најбогатите луѓе на светот и сопственик на „Тесла“, Илон Маск полни 50 години. Но, на овој ден пред 9 години и водителката Миа Костова го донесе на свет својот единец, синот Андрија.
Гордата мајка, на социјалната мрежа Инстаграм сподели неколку сториња по повод роденденот на својот син, а помеѓу сторињата се најде и фотографијата на Илон Маск како бебе, кој е во прегратките на неговата мајка.
„И јас родив мој Илон на денешен ден. Тесла лоудинг...“ - напиша Миа покрај оваа фотографија, а потоа на следната, на која е нејзиниот син напиша:
„Еден си мамче! Да го вратам времето би те родила уште 100 пати. Ти благодарам за секој ден во овие 9 години, ти благодарам што си моја слика со целата енергија, воспитување и однесување. Мамче грабај сè што посакуваш, биди ми само жив и здрав, за сè останато мама е позади тебе, засекогаш и кога ќе ја нема. А, оваа мама не е обична мама, зошто ни ти не си обичен. Те сакам посебнице моја, единец мој, око мамино! Среќен роднеден бебе мое засекогаш“.
Емотивна порака со фотографија, Миа сподели на својот Фејсбук профил, а честитки пристигнуваат од сите страни.