И нашата Мила си замина дома: Уште едно предвремено родено бебе отиде во прегратките на своите родители од ГАК

И нашата Мила си замина дома: Уште едно предвремено родено бебе отиде во прегратките на своите родители од ГАК

Објавена во: Совети // Семејство

Оваа недела уште едно предвремено родено бебе на ЈЗУ Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство замина дома.

Малата Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама.

Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе.

„После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија“.

Фото: Фејсбук ЈЗУ Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство
Извор: ЈЗУ Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: