Ѝ недостаставуват снимањата: Џозефин Лангфорд не може да прифати дека ќе нема уште продолженија на „After“

Ѝ недостаставуват снимањата: Џозефин Лангфорд не може да прифати дека ќе нема уште продолженија на „After“

Објавена во: Stars // Филм

Третото продолжение на филмот е најавено за оваа година, иако датумот се уште не е објавен...

Џозефин Лангфорд не е подготвена да се збогува од филмовите „After“, а не сме ни ние.

Додека со нетрпение го очекуваме „After We Fell“, третиот филм од серијалот, актерката во разговор за „TooFab“ откри како ѝ поминале последните денови од снимањето.

„Беше навистина слатко кисело, бидејќи е тажно тоа што засекогаш го завршуваме снимањето“  - рече таа.

Ми изгледа дека се уште не е готово. Се уште не го прифатив тоа. Мислам дека тоа е така затоа што филмот се уште не е излезен, но чудно е чувството.“

Актерската екипа го сними филмот „After We Fell“ заедно со четвртото продолжение, „After Ever After“, за време на пандемијата. Икао не кажа која е нејзината последна сцена, Џозефин Лангфорд кажа дека се смеела.

„Последниот ден никогаш не изгледа онака како од филмовите, бидејќи ми се чини дека се уште снимам кога правам некои случајни работи, како што тркалење низ кревет или седење во када“ - рече таа.

Џозефин се заблагодари и на креаторката на серијалот „After“, на писателката Ана Тод, бидејќи ја напишала оваа приказна, со која се поврзаа толку многу луѓе.

„Таа е онаа која ги напиша овие книги и со нив привлече огромно внимание. Веројатно постојат многу различни работи, но приказната ве вовлекува бидејќи не знаете што следно ќе се случи. А, потоа кога ја читате книгата или гледате филмот, си велите: „Добро, сега се е во ред“. И во тој момент се случува уште нешто. Затоа мислам дека веројатно би го препишала успехот на филмот на нејзината приказна“ - рече таа.

Третото продолжение е најавено за оваа година, иако датумот се уште не е објавен.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: