И покрај забраната од судот, Северина објави фотографија со синот: Мене ми е забрането да се гордеам со својот син

И покрај забраната од судот, Северина објави фотографија со синот: Мене ми е забрането да се гордеам со својот син

Објавена во: Совети // Семејство

Северина по долго време објави фотографија со синот Александар и уште еднаш јавно ја истакна неправдата која со години ја доживува.

Северина веќе со години води битка за старателството над синот Александар со поранешниот партнер Милан Поповиќ.

Александар сега веќе има 10 години, а неговата мајка по подолга пауза објави фотографија на која се гледа неговото лице. Порано не го правеше тоа, поради тужбата од таткото, кој од судот побара ѝ се забрани на пејачката јавно објавување на фотографии со малолетниот син.

„Мојот син и јас ужива на прекрасниот остров Врник. На „Гугл“ можете да видите како министерот Божиновиќ гордо позира со својата внука за „Глорија“, но и премиерот Пленковиќ со децата во Ватикан... претседателот Милановиќ со децата. Тие можат, тие ја немаат социјалната служба Максимир која вели дека тоа е штетно за децата. Но, ако јас им штетам на децата, им штетат и тие и сите кои ги објавуваат своите деца!?! А, мене ми е забрането да се гордеам со својот син. Татко му на сите начини ме спречува да бидам мајка, па и со забранување на фотографии. Исти закони за сите, а не само на нив! Поздрав!“ - напиша Северина покрај фотографијата.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: