И познатите се понекогаш само обожаватели: Погледот кој го има Били Ајлиш додека настапува овој изведувач е наслаткиот на сите времиња
Сите треба да имаме некој кој ќе не гледа онака како што Били го гледа овој изведувач...
Доделувањето на Греми наградите се одржа изминатиот викенд, а освен самото доделување на наградите, она што секогаш е интересно на ваквите настани се и настапите на пејачите, како и реакциите на другите пејачи додека ги следат настапите на своите колеги.
Бијонсе издоминира на овогодинешното доделување на Греми наградите и се запиша како изведувач со најмногу освоени Греми награди во историјата. Освен доделувањето на градите, важен дел од „Греми“ се и настапите, а покрај многуте музичари, свој настап оваа година имаше и Хари Стајлс. Тој го изведе својот голем хит за кој освои и Греми - „Watermelon Sugar“.
Не престанува да се зборува за тоа колку добро изгледал во кожениот костум, кој го носеше без маица, а изгледа дека ниту Били Ајлиш не можеше да му оддолее. Краткото видео во кое го гледа неговиот настап од работ на сцената стана вирален. Го гледа толку маѓепсано што веднаш започнаа да се појавуваат мемиња со натписите: „Сакам некој кој ќе ме гледа како што Били го гледаше Хари“.