И таа сака бижутерија: Кејт Мидлтон носи обетки од 155 денари (ФОТО)

И таа сака бижутерија: Кејт Мидлтон носи обетки од 155 денари (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Како и многу други познати личности, Кејт Мидлтон има големо влијание врз продажбата на облека, обувки и додатоци кои ги носи за време на нејзините јавни настапи, особено кога станува збор за некој подостапен производ.

Така, при неодамнешната посета на лондонскиот музеј „Фаундлинг“, таа носеше обетки од британскиот бренд Accessorize, кои може да се купат со попуст за само 2,10 фунти (155 денари).

Очекувано, обетките се распродадоа во рекордно време.

Иако има пристап до кралската ризница во која се сместени прекрасни парчиња накит со разни скапоцени камења, војвотката од Кембриџ сепак сака да носи бижутерија, не само во полежерните пригоди, туку и во поважните прилики.

На пример, на кралската турнеја во Ирска во 2020 година, таа исто така избра обетки Accessorize и ги носеше на свечен прием за кој носеше фустан од модната куќа Оскар де ла Рента.

Војвотката уште еднаш покажа дека парчињата со пристапни цени може лесно да се надополнат со скапи, а сепак да изгледаат исто толку добро.

фото:profimedia
извор:zadovoljna.dnevnik.hr

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: