И тие може да бидат виновници за главоболката: 4 фризури за кои е докажано дека предизвикуваат болка
Не е добро да ги носите предолго...
Доколку често те боли главата ,а некоја од овие фризури ја носиш постојано, таа може да биде виновник за твојата главоболка. Не е толку чудно, а постои и добра причина зошто токму овие четири фрузири може да ги обвиниме дека ни предизвикуваат главоболка.
# Коњско опавче
Особено високото коњско опавче како што носи Ариана Гранде. Колку опавчето е повисоко врзано, толку треба да биде позацврстено за да може подобро да стои. Колку посилно го зацврстиш, толку се поголеми шансите за да ти се јави главоболка. Под твојата коса, во черепот се наоѓаат чувствителни нерви кои доколку се многу надразнети, предизвикуваат болка. Кога ќе го заврзеш цврство опавчето, тоа може да предизвика чувство на тензија во многу нерви одеднаш, што потоа може да предизвикаат главоболка. Подобро косата врзи ја пониско и полабаво.
# Венчиња
Модниот додаток, кој може да биде виновник за главоболка е венчето. Ова особено се однесува на оние венчиња кои се многу силни и од кои сигурно ќе почувствуваш и болка позади ушите, по некое одредено време од носењето. Кога некое венче многу те стега, додека го носиш истото создава притисик на темето и челото и во тие предели потоа предизвикува и појава на така болка.
# Цврсти плетенки
И плетенките кои се сплетени многу цврство се една од фризурите со која треба да бидете внимателни. Без разлика дали имаш сплетено рибина коска, класичната внатрешна плетенка или каква било плетенка која е цврство сплетена, може да те заболи главата. Кога плетенките се сплетени цврсто, тогаш создаваат дополнителен притисок на твојот череп, а не спомнуваме дека на тој начин и ја оштетуваш косата.
# Екстензии
И последната фризура од оваа листа се екстензиите. Овде особено се мисли на оној облик на екстензии кој се вметнува во твојата коса. Доколку се прецврство вметнати, тоа може да биде причина зошто постојано те боли главата. Додавањето на толкава тежина на твојата коса, создава чувство на непријатност и затегнатост на главата, што доведува до тоа нервите на черепот да стана многу чувствителни и започнат да те болат.