И тоа се случи: Франција со закон забрани исмевање на акценти

И тоа се случи: Франција со закон забрани исмевање на акценти

Објавена во: Живот // Живот

Максималната казна според новиот закон за акцентската дискриминација е три години затвор и парична казна од 45.000 евра.

Имено, долниот дом на францускиот парламент вчера го усвои законот со кој се забранува дискриминација според акцентот на луѓето, нарекувајќи ја оваа практика „форма на расизам“. Законот кој беше усвоен со 98 гласа за и 3 против, ја додава дискриминацијата по акцент заедно со дискриминацијата според раса, пол или попреченост. При дебатата во парламентот, пратеничката Патрициа Миралес, ќерка на родители од Северна Африка, сведочеше за исмевањето кое го доживувала во своето детство поради нејзиниот алжирски акцент. Пратеничката Мајна Саге, од Француска Полинезија, пак зборуваше за тешкотиите со кои се соочуваат луѓе како неа кои зборуваат на акцент различен од оној кој се користи во централниот дел на Франција.

Долг период регионалните акценти во земјата се предмет на исмевање од страна на парижаните. И додека одредени акценти често се користат за комични елементи во телевизиски емисии, луѓето кои зборуваат на тој начин тешко добиваат унапредувања во медиумскиот бизнис, политиката, образовните институции и администрацијата, па дури и телешоповите.

Во Франција најголемото семејство акценти е она во јужниот дел од земјата, кое е карактеристично по тоа што се изговара обично нечујното „е“ на крајот на зборовите. Дополнително регионални акценти можат да се забележат и на Корзика, источна Франција, Алзас, Бретања и северниот дел, под влијание на локалниот дијалект Ш`ти.

Во многу рурални делови на земјата акцентите се задржани кај повозрасните луѓе, но можат да се слушнат многу поретко меѓу младите.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: